• Зоран Мишевски
Штип е подготвен за голем бокс спектакл. В петок во нашата земја ќе гостува најдобрата европска екипа во бокс, шампионот на стариот континет, Сесвете од Загреб. Хрватите се третиот ривал на штипски Пинк Пантер во рамките на Регионалната боксерска лига.
На рингот в петок од 19.00 часот се очекува да се појават актуелниот вицешампион од Европското првенство за боксери до 22 години, Лука Плантиќ, како и Тони Филипи, кој е боксер со исто така висок рејтинг во Европа.
Салата „Јордан Мијалков“ ќе биде преполна и се најавува дека ова ќе биде најголемиот спорстки настан во Штип во последните неколку години.