• Иван Димовски

Британскиот новинар и коментатор Пол Демпси зборуваше за величината на Мајк Тајсон. За големиот шампион тој смета дека е најпреценет боксер на сите времиња. Демпси имаше и пофални зборови за Тајсон, меѓутоа даде аргументи за своето мислење.
„За мене Мајк Тајсон е најпреценет боксер на сите времиња. Причината поради која го зборувам тоа е дека луѓето кои беа крај него кога почна да боксува. Уште во тоа време имаше проблем со темпераментот. Не сакам да го преиспитувам неговиот талент, тој е дефинитивно најбрзниот боксер кој сум го видел, ама кога е во прашање историјатот мислам дека дефинитивно е преценет.
Кажете ми го бројот на боксери кои Мајк Тајсон ги победи, а да се достојни да влезат во ринг со топ десетте од средните седумдесетти. Џо Фрејзер шест пати падна и шест пати стана во мечот со Џорџ Форман и за мене тоа е величина. Можеме да го правдаме со неговото тешко детство, ама за мене тоа не е одбрана“, изјави Демпси.
Мајк Тајсон дефинитивно е меѓу најпопуларните на сите времиња поради своето јавно присуство.