ФОТО: Кубански боксер освои злато, државата го награди со јајца, масло, шеќер...

Рамирез

Куба е горда на своите учесници на Летните Олимписки игри во Токио. Тие обезбедија дури 15 медали, од кои седум беа златни.

Најмногу одличја беа обезбедени во бокс и борење. Тоа се традиционалните спортови во кои Кубанците се најдобри во светски рамки. Меѓутоа на момент нивните успеси се ставени во втор план. Социјалните мрежи моментално зборуваат само за златниот медал на Ронис Алварез во бокс на Панамеричките игри.

Поточно се дискутира за наградата која ја доби од државата за овој забележителен успех. Тој и неговото семејство беа наградени со секојдневни намирници, односно прехранбени производи како јајца, масло, шеќер, зеленчук..., а исто така и детергент за перење алишта.

Куба доби критика од пошироката јавност. Боксерските фанови ја осудија државата, која често не им помага на спортистите во нивниот развој и покрај тоа што тие постигнуваат успеси на светски турнири.