• Зоран Мишевски
Со првата трка која се одржа во Милци крај Гевгелија започна Државниот Шампионат на Македонија. На една од најтешките стази во нашата држава нова победа запиша главниот кандидат за титулата, Христиан Илиоски.
Битолчанецот има двоцифрен број победи и во нашата земја практично е непоразен и нема конкуренција.
„На двете трки успеав да бидам на првото место, без зимски припреми и подготовки. Благодарност до мојот клуб, моите спонзори до сите мои фанови и моето семејство“, изјави Илиоски по победата.
Сезоната ќе трае до есенските месеци, кога ќе биде промовиран новиот шампион. Илиоски исто така во календарот има зацртано и меѓународни натпреварувања.