Карлос Саинц доби бизарна казна по трката во Јапонија

Карлос Саинц заработи казна по трката за Големата награда на Јапонија. Не станува збор за казна со места или на ранкингот, туку од финансиска природа и тоа поради бизарно правило. 

Имено, Шпанецот задоцнил на интонирањето на химната на Јапонија. Традиционално на 46 минути пред секоја трка е закажана химната на земјата домаќин, а овојпат Саинц задоцнил и со тоа ги прекршил правилата. 

За овој престап Саинц е казнет со 20.000 евра, од кои половина нема да бидат наплатени ако во следната година не ја повтори грешката. Интересно е дека пропишаната казна за ваков прекршок е 60.000 евра, меѓутоа ФИА ја ублажи казната бидејќи Саинц открил дека имал стомачни проблеми.