• Мартин Танасковски
Македонскиот претставник во женскиот Челинџ куп, екипата на ЖРК Вардар СЦЈС доживеа убедлив пораз на првиот осминафинален натпревар. Мерка на вардарки им зеде шведски Хорс 65, кој пред домашната публика успеа да слави со убедливи 26-13 (12-5).
Вардарки беа конкурентни само во воведните 18 минути, а потоа, не дадоа 20 минути гол и доживеаја двоцифрен пораз. Избраничките на Симовски во 18. минута на семафорот имаа 6-5, а потоа, следеа две исклучувања кои го растресоа македонскиот претставник и на противникот му дозволија да направи серија од 6-0, за конечни 12-5 на полувреме.
Слично беше и на стартот на второто полувреме кога затаи реализацијата, а противникот казни со серија од 4-0, за високи 17-5. Првиот гол по долго време Вардар СЦЈС го постигна во 38. минута, за 17-6, а потоа намали и на 17-7, но на секој наш гол - противникот враќаше со два. На десет минути пред крајот во Шведска резултатот гласеше 22-9, а до финишот шведскиот тим успеа да дојде до победа од 13 гола разлика.
Реваншот меѓу Вардар СЦЈС и Хорс 65 се игра на 12 февруари во Скопје, во СЦ „Јане Сандански“.
ФОТО: Martin Trobäck