• Симеончо Стоиков

Составот на Фени Индустри во продолжение од сезоната ќе биде дополнително засилен, откако денес го ангажираше искусниот 34-годишен кошаркар од соседна Србија, Младен Пантиќ.
Станува збор искусен центар, кој во кариерата има променето низа клубови, како во Србија, така и низ Европа. Последниот ангажман му беше во црногорски Морнар од Бар, а најубавите моменти од кариерата ги мина во ФМП Железник. Пантиќ веќе е во Кавадарци каде што го стави потписот на договорот до крајот на сезоната и веќе утре ќе го одработи првиот тренинг во „Јасмин“ со новите соиграчи.
Со ангажирањето на Пантиќ, тренерот Љупчо Малинков добива дополнителна ширина под обрачите, каде што досега ги имаше Шарабидзе, Ѓекиќ и Николовски.