• Мартин Танасковски
Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година на Евроспкото првенство (ЕП) во Полска доби атрактивна група, а интересно е што половина од најскапиот тим на континеталниот собир ќе се „судри“ со избраниците на Милевски.
Во најскапиот тим на младинското ЕП доминираат фудбалери од Шпанија и Италија, а ги има вкупно по пет. Само еден од фудбалерите во најскапиот тим доаѓа од Португалија.
Македонија е во група со Шпанија, Португалија и Србија, па така, шестмина фудбалери од најскапиот тим ќе играат против „црвено-жолтите“.
За најскап фудбалер на ЕП се смета Саул од Шпанија чија вредност е 40 милиони евра, а го следат Федерико Бернандески (Италија, 30.000.000 евра), Ренато Санчез (Португалија, 30.000.000 евра), Доменико Берарди (Италија, 25.000.000 евра), Џиџи Донарума (Италија, 25.000.000 евра), Хектор Белерин (Шпанија, 25.000.000 евра), Ињаки Вилијамс (Шпанија, 25.000.000 евра), Марко Асенсио (Шпанија, 20.000.000 евра), Хосе Луис Гаја (Шпанија, 18.000.000 евра), Даниеле Ругани (Италија, 17.000.000 евра) и Матиа Калдара (Италија, 15.000.000 евра).
Најскап фудбалер од Македонија според „Трансфермаркт“ е Никола Ѓорѓев кој е проценет на милион евра, додека втор на листата е Енис Барди, чија вредност е 700.000 евра.