• Горан Упале
Селекцијата на Македонија неочекувано стигна само до бод во претпоследниот домашен дуел од квалификациите за Светското првенство во Русија. Нашите репрезентативци на „Младост“ во Струмица одиграа 1-1 против Албанија, а нашиот капитен Горан Пандев по мечот не го криеше своето незадоволство од проуштената можност за нова победа.
„Имавме многу шанси, сигурен сум дека над 20 удари упативме кон противничкиот гол и мислам дека требаше да ги освоиме овие три бода, но фудбалот е таков - кога нема да ги искористиш можностите нема успех. Сепак, задоволен сум од ремито, бидејќи уште еднаш докажавме дека можеме да се носиме со секоја селекција и дека во иднина на сите противници ќе им биде тешко со нас. Сигурно дека жалам што не славевме во Струмица, ние имавме многу прилики да ја израдуваме присутната публика“.
Следен наш противник е светската велесила Италија, меч кој ќе го одиграме на гости на 6 октомври.